СТАТУТ    
 

ФОТОГАЛЕРИЈА

ТРУДОВИ НАСТАНИ СОРАБОТНИЦИ АРХИВА
 

СТАТУТ

Министерството за внатрешни работи -Управата за внатрешни работи Гевгелија. решавајќи по барањето на здружението на граѓани "Антички Македонци" од Богданци У.П. бр. 08-134 од 26.7.1993 год. врз основа на чл. 16 од Законот за општествените организации и здруженија на граѓани ( "Сл. весник на РМ" бр. 13/91) го донесе следново:

РЕШЕНИЕ

Здружението на граѓани "Антички Македонци" од Богданци со седиште во Богданци и подрачје на дејност во Општина Гевгелија, заради културна -историска дејност, СЕ ЗАПИШУВА во Регистарот на општествените организации и здруженијата на граѓаните под реден број 144.

Со денот на запишувањето во регистарот здружението почнува со работа и се здобива со статус на граѓанско правно лице.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Здружението на граѓани "Антички Македонци" од Богданци со седиште во Богданци и подрачје на делување во општина Гевгелија се обрати до оваа Управа и побара да биде запишано во регистарот на општествените организации и здруженија на граѓаните, а со цел да иницира, унапредува и развива културно - историјски активности зарaди преиспитување, проучување, осознавање и презентирање на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес.

Министерството за внатрешни работи, Управата за внатрешни работи Гевгелија го разгледа барањето на здружението на граѓани "Антички Македонци" и откако установи дека се исполнети условите од законот за општествените организации и здруженијата на граѓани, одлучи истото да го запише во регистарот.

Таксата по Тар. бр. 1 и 3 од Законот за административни   такси   во   износ   од   55,00 денари е наплатена и поништена на барањето.

 

Врз основа на овластувањата од Иницијативниот состанок одржан на 13.06.1993 врз одредбите од член 20 од Уставот на Р. Македонија и Законот за Општествени организации и здруженија на граѓани (Сл. весник 13/90) Собирот го даде на усвојување и го донесе следниот:

СТАТУТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА

ГРАЃАНИ АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ" - БОГДАНЦИ

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Здружението на граѓани "Антички Македонци" е основано со слободно и доброволно организирање на граѓаните од Богданци и Р. Македонија ,како и Македонци по род кои живеат и работат насекаде во целиот свет.

 Член 2

Граѓаните се здружуваат во здружението преку кое иницираат, унапредуваат и развиваат разни активности заради остварување на масовна афирмација на Македонската историја и култура од Античко време до денес.

Член 3

Здружението на граѓани "Антички Македонци" е самостојно во организирањето и остварувањето на свои цели и задачи утврдени со  овој Статус, а своите права и должности ги остварува согласно Уставот и Законите на Р. Македонија.

Член4

Здружението може да се здружува со други и слични асоцијации, усогласувања на заедничките и посебни интереси во областа за која се основани како и за остварување на други прашања од заеднички интерес.

Член5

Работата на здружението е јавна.

Член 6

Здружението има својство на правно лице.

Член 7

Здружението   има   овој    штембил   и   печат, штембилот има правоаголна форма на кој е напишано:   Здружение   на   граѓани   "Антички Македонци" ; простор за впишување деловоден  број ; простор за дата; а најдолу се впишува Богданци. Печатот на здружението има тркалезна форма и на него е напишано Здружение на граѓани "Антички Македонци" Богданци. Во средината на печатот се наоѓа симболот на здружението. Симбол на здружението: 16 крако Сонце од Кутлеш, со ликот на Александар    Македонски    во    профил    во средината на сонцето. Употребата   на   штембилот   и   печатот   се регулира со посебна одлука.

Член 8

Седиштето  на  здружението  е  во  Богданци, Бифе Море и телефон 222311 и телефакс 221503

 

ПОСЕБНИ ЗАДАЧИ

Член 9

Основните цели и задачи на здружението се:

-Истражување и проучување на Историјата и културата на Македонскиот народ од Античко време до денес.

-Осознавање за постоењето на континентот на Македонскиот народ од Античко време до денес.

-Проучување и презентирање на резултатите од истражувањата во полето на историографијата и архелогијата сврзани директно за Античкиот период.

-Целосна поддршка на сите проекти во полето на културно уметничката дејност, сите научни дејности од областа на Античката Македонска историја и култура.

-Посебна грежа за утврдување список на книги и трудови објавени во светот за Античкити Македонци биле забранети во едноумието, нивно преведување и објавување во Р. Македонија.

 

Член 10

ЧЛЕНУВАЊЕ

Членувањето во здружението е слободно и доброволно.

Членови на здружението можат да бидат сите Македонци по род кои живеат или работат во Р. Македонија и во целиот свет. Основен услов за членување во здружението е да кандидатот е полнолетен и барем еден од предците да живеел во Етноисториската територија на Македонија пред 1913 год., без разлика на верски и политички определби.

Член 11

Приемот на членови во здружението го врши Собранието на здружението.

Член 12

Зачленувањето во здружението се врши со лична молба и изјава за прифаќање на  Статутарните одредби на здружението.

Член 13

Членството во здружението престанува со:

-Самоволно напуштање

-Поради смрт

-Заради исклучување од членство

Член 14

Исклучувањето на членство во здружението се применува спрема членови чија активност е во спротивност со одредби на Статутот и кои со својата работа и однос го нарушуваат угледот на здружението

ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ

Член 15

Членовите на здружението имаат право:

-Да се борат за доследно примена на Статутот и другите акти на Здружението.

-Да избираат и да бидат избрани во органите на здружението.

-Непосредно на разни собири учествуваат во разгледување и одлучување по сите прашања од значење за постигнувањето на целите    и    извршувањето    на    задачите    на Здружението.

-да ги користат сите права одредени со овој Статут и со другите акти.

Член 16

Членовите на здружението се должни:

-Да се придржуваат кон начелата изразен во овој Статут.

-Да   плаќаат   членарина   за   членување   во здружението.

Член 17

Секој член на здружението има членска книшка и содржина на книшката, висината на членарината и нејзината распределба се одржуваат со посебна одлука.

Член 18

За постигнати резултати и вонредни залагања се доделуваат пофалби и награди. Мерилата   и   критериумите   за   доделување благодарници   и   награди   се   утврдуваат   со посебна одлука.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 19

Здружението се организира во ограноци , во и надвор од Р. Македонија. Органи на здружението се :

- Собир

- Собрание

- Претседателство

Член 20

Собирот на здружението е највисок орган и може да биде редовен или вонреден. Вонреден собир се свикува по вонредна потреба. Собирот го свикува Собранието на здружението и со него раководи претседателство. Собирот на здружението го сочинуваат по 10 одбрани членови од сите ограноци на здружението.

Член 21

Собирот на здружението се свикува:

-Со одлука на собранието на здружението

-По барање на повеќе од 50% членови на

Собранието

 

Член 22

Собирот на здружението е надлежен:

-Да донесува статут на здружението

-Да усвојува програми и годишни планови за работа и да утврдува ставови за делување.

- Да ја разгледа и потврди Завршната сметка

- Да донесе деловник за својата работа

- Да разгледува и усвојува извештаи за работа

- Да доделува признанија и награди

Член 23

Собранието на здружението е највисок орган за  конституирањето на Собирот или меѓу два Собира.

Собранието брои    100    членови,    т.е.    го сочинуваат по 2 одбрани претставници од сите Ограноци.

Собранието на здружението се избира на 4 години.

Член 24

Собранието го избира и разрешува Собирот на здруженито.

 Член 25

Со Собранието на здружението раководи Претседателство на здружението. Претседателството на здружението се избира од редот на членовите на Собранието на здружението и брои 10 члена а се избира на 4 години со можност за реизбор.

Член 26

Собранието на здружението е надлежно:

- Да раководи со здружението меѓу 2 собира

- Да изготвува Годишна програма и планови за работа     во     согласност     со     програмските ориентации, препораки и насоки од Собирот

- Да го следи извршувањето на програмите и плановите за работа на здружението

- Да свикува собири на здружението

- Да избира претседателство, претседател и потпретседател на здружението

- Да   работи   на   остварување   на  целите   и задачите на здружението

- Да поднесува извештај за својата работа пред Собирот и да ги потврдува сите документи по одлуките донесени на Собирот

- Да формира повремени и постојани комисии

- Да донесе деловник за својата работа

 

Член 25

Со Собранието на здружението раководи Претседателство на здружението. Претседателството на здружението се избира од редот на членовите на Собранието на здружението и брои 10 члена а се избира на 4 години со можност за реизбор.

Член 26

Собранието на здружението е надлежно:

- Да раководи со здружението меѓу 2 собира

- Да изготвува Годишна програма и планови за работа     во     согласност     со     програмските ориентации, препораки и насоки од Собирот

-  Да го следи извршувањето на програмите и плановите за работа на здружението

- Да свикува собири на здружението

-  Да избира претседателство, претседател и потпретседател на здружението

-   Да   работи   на   остварување   на  целите   и задачите на здружението

- Да поднесува извештај за својата работа пред Собирот и да ги потврдува сите документи по одлуките донесени на Собирот

- Да формира повремени и постојани комисии

- Да донесе деловник за својата работа

-    Да    прима    и    исклучува    членови    на Здружението

-  Да носи Одлуки и други акти од интерес за работата на здружението

- Да предлага доделување признанија и награди

Член 27

Собранието    на    здружението    работи    на Седници. Со   седниците   раководи   Претседателот   на претседателството на здружението. Собранието   своите   одлуки   ги  донесува   со мнозинство гласови

Член 28

Во случај на спреченост на Претседателот, со здружението раководи потпретседателот.

Член 29

Претседателството на здружението е Извршен орган и брои 10 члена и има мандат од (2) 4 години.

 Член 30

Претседателството работи на Седници на кои раководи Претседателот. Претседателството работи како колективно тело и одлучува со мнозинство гласови.

За својата работа Претседателството одговара пред Собранието на здружението.

Член 31

По истекот на мандатот истите членови на Собранието можат повторно да бидат избрани во Претседателството.

За секој член на претседателството при изборот се одлучува поединечно.

Член 32

Собранието на здружението од редовите на претседателството избира Претседател и потпретседател.

Член 33

Претседателството од своите редови на предлог на претседателот избира Секретар и Благајник.

 Член 34

Секретарот на здружението ги врши сите технички и административни работи на здружението, и се избира на 4 години со можност за реизбор.

Член 35

Благајникот на здружението ги врши сите благајнички работи и се избира на 4 години со можност за реизбор.

Член 36

Претседателството е надлежно:

- За спроведување на сите Одлуки, Заклучоци, препораки  и  насоки  усвоени  на  Собирот  и Собранието

-  Да му предлага на Собранието планови и програми за работа

-  Да ги координира акциите и дејностите на здружението

-   Да  завзема  ставови  по  сите  прашања  од дејноста на здружението и му ги предлага на Собранието.

-   Да   работи   на   организациско  јакнење   на здружението

- Да го претставува и застапува здружението

 Член 37

Претседателството работи и одлучува полноважно ако на Седницата се присутни мнозинството од членовите. Одлуката или другите акти се сметаат за донесени ако за Нив се изјаснат и гласат повеќе од половината членови на претседателството. За случаи кои за одлучување ќе биде потребна целосна согласност или друг вид мнозинство ќе се утврдува со деловникот за работа на претседателството.

ФИНАНСИРАЊЕ

Член 38

Здружението  ќе  се  финансира  од  следните извори:

- Членарина

- Даноци и помош од заинтересирани поединци и фирми

- Приходи од конкретни активности

- Доброволни прилози

- Подароци или други вицови помош

- Камати од вложени средства

- Други извори

 Член 39

Материјално    и    финансово    работење    на здружението   ќе   се   води   според   прописите, одредени со Закон.                                              

Финансовите работења е јавно и достапно за преглед и ревизии.

Член 40

Наредбодател за извршување на финансово и материјално работење е Претседателот на претседателството.                                              

Претседател може да пренесе овластување и на други членови од Претседателството.

Член 41

Работењето   и   учеството   на   работата   на здружението е по правило волонтерски.

Член 42

По исклучок за одредени активности може да се определи надоместок во согласност со прописите, што ќе се регулира со посебни Одлуки.

 ИНФОРМИРАЊЕ

Член 43

Здружението задолжително ги информира своите членови за сите прашања што се од општ интерес.

Член 44

Информациите можат да бидат објавувани со јавни пишувања соопштенија или преку јавните медиуми. Информациите во име на здружението ги дава Претседателството.

Член 45

Здружението може да има свои публикации кои     ќе     имаат     цел     да     помогнат     во остварувањето на задачите на Здружението. Публикациите можат да имаат повремен или постојан карактер. Одлука   за   издавање   публикации   донесува Претседателството.

 

ИНФОРМИРАЊЕ

Член 43

Здружението задолжително ги информира своите членови за сите прашања што се од општ интерес.

Член 44

Информациите можат да бидат објавувани со јавни пишувања соопштенија или преку јавните медиуми. Информациите во име на здружението ги дава Претседателството.

Член 45

Здружението може да има свои публикации кои     ќе     имаат     цел     да     помогнат     во

остварувањето на задачите на Здружението. Публикациите можат да имаат повремен или

постојан карактер. Одлука   за   издавање   публикации   донесува Претседателството.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 46

Овој  Статут  влегува  во  сила  со  денот  на донесувањето.

Член 47

Измени и дополнувања на Статутот се вршат на начин и во постапки предвидени за неговото донесување Упатства    и    толкување    за    примени    на Статутарните   одредби   дава   Собранието   на Здружението.

Член 48

Одлука за престанок на работа на здружението донесува Собирот на Здружението

 

3дружение на граѓани

" АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ" - Богданци

 

Претседател:

Такашманов Тони 11. јули 1993 год.

       

 

Здружение на Антички Македонци - Богданци