СТАТУТ    
 

ФОТОГАЛЕРИЈА

ТРУДОВИ НАСТАНИ СОРАБОТНИЦИ АРХИВА
 

АРХИВА

Архива на текстови

ЗОШТО ГО САКАМ СКОПЈЕ-ВАСИЛ ИЉОВ, архитект
Скопје е жариште на

македонската цивилизација

 

 

 

 

 

 

"Скопје покрај другото е и мој град. Тука проживеав, или живеам најмалку 40 години. Скопје е еден од најстарите градови во светот. Има населба постара од седум илјади години. Има утврден град, или утврдена населба најмалку три илијади години. Скопје и неговата околина се најстари жаришта на македонската цивилизација. Во непосредна близина на Скопје има археилошки локалитети кои потврдуваат за најмалку 9.000 години македонска писмена традиција. Скопје е составен дел на најстарите одбрамбени ситеми, а меѓудругото е одбрамбен систем на некогашната Јусинијана Прима. Има зачувано матрица од времето на Јустинијан први, која и ден денес е зачувана во Камениот мост, во североситочниот бедем на Скопската тврдина, има остатоци од Јустинијановата порта, а во непосредна близина на Скопје е јустинијановиот аквадукт. Во Скопје сум го поминал сиот свој работен век, почнувајќи од 1966 кога сум дошол тука, и сите тие години сум работел на заштита на спомениците на културата во Скопје. Го сакам затоа што тука е мојата фамилија, голем дел од моите роднини, а имам и многу пријатели. Во било кој град или земја во светот да сум бил, секогаш се враќам тука, затоа што овде е жариштето на нашата македонска цивилизација, затоа што тука ги врвиме нашите денови. Овде имаме еден организиран живот, како архитекти и мислам дека успеавме од Скопје направивме една европска метропола, град за почит".

 

 

Здружение на Антички Македонци - Богданци