ФОТОГАЛЕРИЈА

ТРУДОВИ НАСТАНИ СОРАБОТНИЦИ АРХИВА
 

 

Васил Иљов

 

ИСТРАЖУВАЊА

Нови сознанија за писменоста, јазикот и културата на древните Македноци

 

 

Македонија спаѓа меѓу најбогатите археолошки наоѓалишта на Балканскиот Полуостров и без нејзините артефакти не може да се комплетира историјата на Европа и на светот. Нејзините културни слоеви се богати со остатоци од материјална култура која досега може да се датира почнувајќи некаде од крајот на мезолитот и почетокот на неолитот т.е. од 7.000-6.000 г.п.н.е. па до денес. Апсолутната хронологија на нејзиниот развој говори за долг континуитет на живеење на луѓето на овие простори, за многубројни преобразби и настани, за присуство на висока култура на таканаречена ПРАСЛОВЕНСКА ПОПУЛАЦИЈА, за доаѓање и заминување на инвазиони бранови, за катастрофи и насилства, за обиди на асимилација и синкретизам, но и за опстојување на идентитетот на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, за ПРЕДВЕДСКА КУЛТУРА. МИТОЛОГИЈА и КУЛТ НА СОНЦЕТО И КОСМОСОТ (Вселената, Универзумот) за праисториско МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и праисториски МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, за постоење на праисториски МАКЕДОНСКИ ЗАКОНИ и праисториска МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Хомер во "Илијадата" ги споменува МАКЕДОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА (ПЕОНЦИ. ПЕЛАЗГИ ВЕНЕТИ или ЕНЕТИ, БРИГИ или ФРИГИ, ПИЕРЦИ итн.) како се борат на страната на ТРОЈЦИТЕ, а против сојузниците на новодојдените освојувачи на Балканот -ДАНАЈЦИТЕ, т.е. во "Илијадата" е опеан настан кој се случи во 1193-1183 г п н.е., односно, според најпознатиот александриски научник Ератостен (III в.п н е ) освојувањето на Троја се случи во 1184 г.п.н.е. Овој настан, кој во епот е опеан на 15.693 стихови, фактички треба да се третира како ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА помеѓу таканаречената ПРАСЛОВЕНСКА ПОПУЛАЦИЈА од БАЛКАНСКО - АНАДОЛСКИОТ КУЛТУРЕН КОМПЛЕКС и СОЈУЗНИЦИТЕ иа новодојдените освојувачи на Пелопонез (МОРЕА) и Атика – ДАНАЈЦИТЕ. Покрај тоа, познато е дека во IV в.п.н.е. МАКЕДОНЦИТЕ успеале да создадат МАКЕДОНСКО ЦАРСТВО или МАКЕДОНСКА ИМПЕРИЈА на територија од околу 3,8 милиони км2, а потоа во епохалниот МАКЕДОНСКИ ПЕРИОД во вид на 4 царства со свои МАКЕДОНСКИ ДИНАСТИИ го продолжиле ширењето на МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА и го негувале духот на творештвото и зближувањето на НАРОДИТЕ, КУЛТУРИТЕ и РЕЛИГИИТЕ во светот. МАКЕДОНЦИТЕ биле и останале АВТЕНТИЧЕН НАРОД на Балканскиот Полуостров, а други доаѓале и си оделе како ГОСТИ или ПОРОБУВАЧИ. Веројатно, затоа уште Херодот (484-424 г п.не) сиоменува: "МАКЕДОНЕЦ","МАКЕДОНЦИ","МАКЕДОНИЈА", "ГОРНА И ДОЛНА МАКЕДОНИЈА", "МАКЕДОНСКИ ПЛАНИНИ", "МАКЕДОНСКИ ПАТИШТА", итн , а во "СВЕТОТО ПИСМО" се споменуваат, како БИБЛИСКА ЗЕМЈА и БИБЛИСКИ НАРОД, МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ.

Низ Македонија врвеле и врват многу значајни комуникации, кои оставиле свое влијание врз развитокот на повеќе таканаречени КУЛТУРИ од крајот на МЕЗОЛИТОТ и почетокот на НЕОЛИТОТ па до ден  денешен. Меѓу позначаните комуникации се истакнуваат и следниве: ВАРДАРСКО-МОРАВСКИОТ ПАТ, кој е  еден од основните природни комуникации на Балканскиот Полуостров, бидејќи ја поврзува Македонија со  внатрешноста на Балканот и со Средна Европа; многу  важен е и ПАТОТ ПО ДОЛИНАТА НА СТРУМА И СТРУМИЦА, кој без големи пречки овозможува комуникација со горниот тек на реката Морава; значително локално значење за развојот на културата на дел од македонскиот народ имал и ПАТОТ ПО ДОЛИНАТА НА РЕКАТА БИСТРИЦА, кој овозможи да се развијат специфични варијанти на културниот развиток во различни етапи на македонската праисторија (особено во неолитот и на преодот од бронзовата во железната епоха); свое значење имал ПАТОТ ПО ДРИМ, а исклучително значење имал ПАТОТ ДРАЧ - ОХРИД - БИТОЛА - ВОДЕН - ПЕЛА - СОЛУН - КАВАЛА - ЦАРИГРАД, кој поврзувал голем дел од Македонија со Јадранско, Егејско и Мраморно море. а во римскиот период бил познат и како Виа Игнација; ПАТОТ што ја поврзувал ПЕЛАГОНИЈА со ПОЛОГ овозможувал врска со Косово и преку ибарската долина со северните делови на Балканот, а оттаму со Средна Европа; исклучително значење имале и патните комуникации од СКОПЈЕ преку КУМАНОВО и КРИВА ПАЛАНКА и од СКОПЈЕ преку ОВЧЕ ПОЛЕ, кои овозможувале непречени врски со Тракија и другите источни предели ма Балканот и балканско - анадолскиот културен комплекс.

Со релативно добро разгранета мрежа на патни комуникации се овозможи непречена врска помеѓу сите ПРОТОМАКЕДОНСКИ ПЛЕМИЊА и нивно вклопување во системот на таканаречената "НЕОЛИТСКА РЕВОЛУЦИЈА", па затоа денес имаме повеќе сведоштва за организирани населби уште од периодот на рамата новокамена епоха (ран неолит) со индикации и за постаро време, а тоа ќе рече МАКЕДОНИЈА ИМА СВЕДОШТВО ЗА ЕВОЛУЦИЈА НА СОПСТВЕНА КУЛТУРА и за ДОЛГ КОНТИНУИРАН ПЕРИОД на ВОСПОСТАВЕНИ ВРСКИ со ДРУГИ ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ЖАРИШТА на Балканот и пошироко. На пример, неолитскиот материјал од источна Македонија (ВРШНИК кај Таринци близу до Штип) покажува тесна поврзаност со некои појави во Тракија (КАРАНОВО), како и со раните таканаречени КУЛТУРНИ ГРУПИ во Анадолија, а неолитската култура од СКОПСКИОТ РЕГИОН покажува       одредени      сличности       со       таа      од таканатеречената СТАРТЕВАЧКА ГРУПА и ВИНИЧАНСКА ГРУПА, додека постарата фаза на уметноста и писменоста на карпите од Црна Лома или Илина Гора кај ОСИНИЧАНИ близу до Скопје кореспондира со културата на ЛЕПЕНСКИ ВИР. Неолитските населби од така наречената ПОРОДИНСКА ГРУПА на Пелагонија даваат посебен белег на живеење и погребување, а археолошкиот материјал од многубројните ТУМБИ покрај Црна покажуваат инзворедна смисла за организација на просторот и семантичко обликување на неолитските садови, кои имаат ЈАСНО СВЕДОШТВО НА ПОЧИТУВАЊЕ на КУЛТОТ НА СОНЦЕТО и КУЛТОТ НА КОСМОСОТ (Вселената, Универзумот) во погдолг културен континуитет, а со најстари досега регистрирани СОЛАРНИ СИМБОЛИ и разновидни КОСМОГРАФИИ, КОСМОФОНИИ од околу 5500 г.п.н.е.Слична симболика е откриена и на локалитети во СКОЧИВИРСКАТА КЛИСУРА и во КРАТОВСКИОТ РЕГИОН, а со КОСМОГРАФИЈА, КОСМОНОМИЈА АСТРОЛОГИЈА и СОЛАРНА СИМБОЛИКА изобилува и СКОПСКИОТ РЕГИОН и тоа локалитетите ЦРНА ЛОМА или ИЛИНА ГОРА кај селото ОСИНЧАНИ со старост од околу 7.000-6 000 г.п.н е. и локалитетот "ЦЕРЈЕ" кај ГОВРЛЕВО со старост од околу 6.000 г.п. н. е.

МАКЕДОНСКАТА НЕОЛИТСКА РЕВОЛУЦИЈА и ЕВОЛУЦИЈА како и онаа на БАЛКАНСКО - ПОДУ-НАВСКИТЕ и БАЛКАНСКО - АНАДОЛСКИТЕ ПРОСТОРИ не е прекината, како што тврдат некои современи археолози, туку е само преобразена и еволуирана во повисск степен на развиток на материјалната и духовната култура. Возможните миграции на некои популации од исток кон запад, од север кон југ и обратно не можеле да бидат повод или причина за целосно изумирање на културите и популациите на Балканот. Воспоставените ПАТНИ КОМУНИКАЦИИ овозможувале ИМФОРМИРАНОСТ НА ЛУЃЕТО за сите можни ИНОВАЦИИ и ОТКРИТИЈА, овозможувале ТРГОВСКО-ЕКОНОМСКИ ВРСКИ меѓу припрадници на различни ПЛЕМИЊА. а подоцна и НАРОДИ, овозможувале ИНВАЗИЈА на припадници на едни ПЛЕМИЊА врз други, на едни НАРОДИ врз други, но сето тоа не можело да прмдонесе за драстична или катастрофална радикализација на состојбите и ЦЕЛОСНО ДА СЕ СИМИАТ    ОД    ПРАИСТОРИСКАГА    и    ИСТОРИСКАТА СЦЕНА СИТЕ ПЛЕМИЊА или НАРОДИ, односно ЦЕЛОКУПНАТА ПОПУЛАЦИЈАна БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ СЕВЕРНО ОД ТЕРМОПИЛИТЕ. Кон таков ЗАКЛУЧОК не доведуваат резултатите од нашите ПАЛЕОГРАФСКИ и ПЕЛЕОЛИНГВИСТИЧКИ ИСПИТУВАЊА, бидејќи во МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА, СРБИЈА, РОМАНИЈА и пошироко потврдуваат контимуирано присуство на таканаречена ПРАСЛОВЕНСКА ПОПУПАЦИЈА. која користела и ПИСМО и ЈАЗИК, што денес можеме да ги идентификуваме како ДРЕВНОМАКЕДОНСКИ, во различни развојни етапи на МАТЕРИЈАЛНАТА КУЛТУРА на БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ.

Покрај наведените констатации, треба да се истакне и тоа дека заедничките елементи на МАТЕРИЈАЛНАТА КУЛТУРА на таканаречената ПРАСЛОВЕНСКА ПОПУЛАЦИЈА од наводните РАЗЛИЧНИ КУЛТУРНИ  ГРУПИ на одделни територии на Балканот само ја потврдуваат БЛИСКОСТА или СРОДНОСТА на ЕТНИЧКИТЕ ПРИПАДНИЦИ кон тие таканаречени КУЛТУРНИ ГРУПИ од крајот на мезолитот и почетокот на неолитот па наваму на балканскиот благопријатен простор за живеење и опстојуваше што се наоѓа на географска широчина помеѓу 20° и 45° северна широчина, т.е помегу паралели кои формираат појас каде што се регистрирани најстарите ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ЖАРИШТА на светот. Често регистрираното преместување на одделни населби и населени места од една на друга локација, како и појавувањето во стратиграфијата на културните слоеви на разновидните населби на секакви артефакти изведени од различен материјал, боја, симболика, квалитет итн. НЕ Е РЕЛЕВАНТЕН ДОКАЗ за наводно ЦЕЛОСНО ИСЧЕЗНУВАЊЕ на некоја НАСЕЛБА, КУЛТУРА или ПОПУЛАЦИЈА, туку напротив може да биде оведсштво за постоење на ЦИКЛУСИ НА ЕВОЛУЦИЈА и ЕВОЛУТИВНИ ПРЕОБРАЗБИ во КУЛТУРНИОТ КОНТИНУИТЕТ на одделна НАСЕЛБА, КУЛТУРНАГРУПА, ПОПУЛАЦИЈА.

Најстарите артефакти на Балканскиот Полуостров, кои сведочат за ПРВАТА СМИСЛА на ЧОВЕКОТ за УМЕТНОСТА и АПСТРАКТНАТА ГЕОМЕТРИЈА НА ПРОСТОРОТ, датираат меѓу 50.000 и 35 000 г.п.н.е , а Средното Подунавје било населено меѓу 350 000 и 250 000 г .п.н.е што се докажува со археолошки наоди пронајдени во Романија и Унгарија. Досега се смета дека најстарите графизми на Балканскиот полуостров, според некои научници, датираат од 10.650 до 10.100 г. п.н.е , а слични такви графизми, според Пиете, во Западна Европа датираат некаде од почетокот на младиот палеолит, т.е. од околу 25 000 г.п н.е,  а веќе кон 13.000 - 10 000 г.п.н е наводно тие преминуваат во фаза на таканаречено ИДЕЈНО, "СИНТЕТИЧКО ПИСМО". Според нашите најнови палеографски и палеолингвистички испитувања, можеме да констатираме дека знаци на ГЛАСОВНО ПИСМО се откриени и на локалитетите ЛЕПЕНСКИ ВИР и ВИНЧА во Србија, КАРАНОВО, ГРАДЕШНИЦА и СИТОВО во Бугарија, ТАРТАРИЈА во Романија, како и на многубројни локалитети но Македонија и тоа ЦРНА ПОМА или ИЛИНА ГОРА кај ОСИНЧАНИ близу до Скопје, ЦЕРЈЕ кај ГОВРЛЕВО близу до Скопје, СКОЧИВИРСКА КЛИСУРА близу до Битола КРАТОВСКИ РЕГИОН. локалитет ГРМАДА или ГРАМАДА источио од ДОЛНО ДУПЕНИ близу до Ресен, ТРЕБЕНИШТЕ близу до Охрид и др.  како и островот ЛЕМН (Лемнос) во Егејско Море, пештерата ПИЦА кај Коринт и островот ЛЕЗБ во Грција и др.

Меѓутоа, колку што нам ни е познато, досега нема некои посериозни, посуптилни и јасни осврти во науката за ФОНЕТСКИОТ СИСТЕМ на графизмите од различни локалитети на Балканскиот Полуостров или некој успешен обид за нивно дешифрирање, и покрај некои напори за компаративна идентификација на одделни знаци од таканаречени НЕОЛИТСКИ КУЛТУРИ со несоодветни патокази за нивно различно толкување. Во последно време, покрај други научници, е очигледно дека со преку дваесетгодишна работа г-н С.С. Билбија направил големи напори и во 1984 и 1989 година понудил некое прифатливо решение на проблемот на таканаречената ЕТРУРСКА ПИСМЕНОСТ со неговите обиди за дешифрирање на повеќе натписи и текстови од материјалната култура на Етрурците од БАЛКАНСКО - АНАДОЛСКИОТ КУЛТУРЕН КОМПЛЕКС, а значителни напори направил и г Г.С. Гриневич кој во 1993 година се обиде убедливо да докаже дека натписите од Крит, Пил и други места со условно датирање од 1.700-1.400 г.п.н.е. не се напишани на таканаречен СТАРОГРЧКИ ЈАЗИК, туку се напишани на ПРАСЛОВЕНСКИ ЈАЗИК и со тоа ги негира досегашните обиди за дешифрирање на КНОСКИТЕ ГЛИНЕНИ ПЛОЧКИ од страна на прочуениот англиски археолог Артур Еванс и особено ги оспорува резултатите од шеснаесетгодишната напорна работа на арх. Мајкл. Вентрис и доц. Џон Чедуик во врска со дешифрирањето на ГЛИНЕНИТЕ ПЛОЧКИ од Крит напишани со таканаречеко ЛИНЕАРНО А и Б писмо, односно со таканаречено "МИНОЈСКО ПИСМО" со тоа што и ЈАЗИКОТ на ПЕЛАЗГИТЕ и "МИНОЈСКОТО ПИСМО" г-н Г.С. Гриневич ги третира како ПРАСЛОВЕНСКИ.

Врз основа на досегашните палеографски и палеолингвистички испитувања, веќе можеме да тврдиме дека таканаречениот "ПРАСЛОВЕНСКИ ЈАЗИК" т.е. таканаречениот "ЕГЕЈСКИ ЈАЗИК", односно "МИНОЈСКИ ЈАЗИК или јазик на ПЕЛАЗГИТЕ и другите МАКЕДОНСКИ ПЛЕМИЊА (ПЕОНЦИ, ПИЕРЦИ, БРИГИ или ФРИГИ, ВЕНЕТИ или ЕНЕТИ итн.) фактички претставува многуфункционален флексивен јазик на ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ, кој првите иновации ги доживува уште во праисториско време, а морфолошките релевантни диференцијални особености и изогласите на разновидните фонетски и синтаксички особености одат по дијалектна граница на поголем простор од оној на МАКЕДОНСКОТО ГОВОРНО ПОДРАЧЈЕ на денешниот ЕТНИЧКИ ПРОСТОР на МАКЕ ДОНИЈА. Во целокупноста на своите особености во ДРЕВНИОТ МАКЕДОНСКИ ДИЈАСИСТЕМ се изделуваат ЦЕНТРАЛНИ ДРЕВНИ МАКЕДОНСКИ ГОВОРИ и ПЕРИФЕРНИ ДРЕВНИ МАКЕДОНСКИ ГОВОРИ, а дијалектната диференцијација на ДРЕВНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК може да се утврди од дешифрирани текстови на натписи од праисториско време, кои се регистрирани на повеќе места на Балканскиот Полуостров.

Следствено, мезолитските, неолитските, енеолитските и другите ДРЕВНИ ПИСМЕНИ СПОМЕНИЦИ, како и целокупната релевантна аргументација на артефакти со ПРЕДВЕДСКА СОЛАРНА, КОСМОГРАФСКА  и   ДРУГА  СИМБОЛИКА  од  таканаречените   мезолитски, золитски, неолитски, енеолитски итн. култури што одредуваат апсолутна хронологија на даден културен комтинуитет од 7.000 до 3.000 г.п.н.е во МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА, БУГАРИЈА и на други БАЛКАНСКО-ПОДУНАВСКИ ПРОСТОРИ нагласуваат идентификација на КУЛТУРА НА КУЛТОТ НА СОНЦЕТО И КОСМОСОТ (Вселената, Универзумот), односно таканаречена ПРАСЛОВЕНСКА КУЛТУРА, бидејќи заеднички елементи на сите тие, наводно изделени култури, во дадено време и даден простор се имено ДРЕВНИОТ МАКЕДОНСКИ ГОВОР и СОЛАРНАТА И КОСМОГРАФСКАТА СИМБОЛИКА од Осинчани, Говрлево,  Породин, Скочивирска Клисура и Кратовски регион во Македонија до Лепенски Вир. Старчево и Винча во Србија, Тартанија во Романија и Лемн и Лезб во Егејско Море и од Караново и Градешница во Бугарија до Вучедол и Винковци во Хрватска, та Малиг во Албанија и Охрид и Преспа во Македонија, кои експлицитно потврдуваат дека не само МАКЕДОНЦИТЕ, кои го носат своето име континуирано најмалку 5.500 години, туку и многу други народи, кои, според Херодот, во древноста се викале ТРАКИЈЦИ, ТРИБАЛИ, ИЛИРИ, ГЕТИ или ГИТИ; СКИТИ итн., а кои денес современата историографија ги идентификува со поими од VI-VII в.н.е. наречувајќи ги СЛОВЕНИ или СЛАВЈАНИ, односно СЛОВЕНСКИ или СЛАВЈАНСКИ НАРОДИ со нивно поинакво преименување во БУГАРИ, СРБИ. ЦРНОГОРЦИ, ХРВАТИ, СЛОВЕНЦИ итн. не само што биле присутни на БАЛКАНСКИТЕ ПРОСТОРИ во ПРАИСТОРИЈАТА како таканаречен ПРАСЛОВЕНСКИ НАРОД, туку веќе аргументирано се јавуваат како ПОТОМЦИ на НАЈСТАРИОТ НАРОД на овие ПРВОЦИВИЛИЗАЦИСКИ ЖАРИШТА и се со ПИСМО, ЈАЗИК и МИТОЛОГИЈА многу постари и од таканаречениот ВЕДСКИ и ПРОТОВЕДСКИ НАРОД.

Веројатно затоа ПРАИСТОРИСКАТА ПРЕДВЕДСКА СИМБОЛИКА во МАКЕДОНИЈА ("Црна Лома" или "Илина Гора" кај Осинчани, "Церје" кај Говрлево, "Тумба"-Маџари, "Слатина"-3елениково близу до Скопје; тумбите кај селата Породин, Трн, Велушина, Голема Тумба - с. Добромирци и др близу до Битола; "Црвени Ливади" или "Устие на Дрим" во Струга; "Барутница" - Анзабегово и "Вршник" - Таринци близу до Штип итn ) е толку разновидна и мnогубројна, та целосно  соодветставува  со  таа  од  МИТОЛОГИЈАТА фиксирана со содржината на ВЕДИТЕ ("Рк веда", "Јаџур веда", "Сама веда" и " Атхарва веда"), кои според добрите познавачи на оваа материја, имаат тематика посаетена на мистичната смисла на броевите, ритуатата симболика, структурата на микро и макрокосмосот ведскиот пантеон и пантеистичките идeи, магојата и гатањето, митовите, легендите, химните за боговмте, природните сили итн. Во Атхарва веда VI, 21 е запишано: "ЕВЕ ГИ ТИЕ ТРИ ЗЕМЈИ. ОД НИВ НАШАТА Е ПОВИСОКАТА ЗЕМЈА", веројатно. во смисла "ПОГОЛЕМАТА ЗЕМЈА", "ПОДАЛЕЧНАТА ЗЕМЈА", "БОЖЕСТВЕНАТА ЗЕМЈА" итн. Судејќи според иmето и предведската материјална култура, веројатно, МАКЕДОНИЈА е срцето на "ТОЛЕМАТА ЗЕМЈА" или "ПОВИСОКАТА ЗЕМЈА" од каде што ПРОТОВЕДСКИОТ НАРОД некаде во III или средината на II илјадолетие п.н.е. (околу 2.700 или 1.500 г.п.н.е) тргнал на далечен пат кон Индаjа, носејќи ги со себе својата материјална и духовна култура, својот јазик и своето писмо за запишуванње на ВЕДИТЕ. Тоа и од проста причина што "ВЕДА" на Македонски јазик значи "МОЛЊА", "МОЛСКАВИЦА", "СЕКАВИЦА", но значи и "ВЕШТЕРКА", "ЗЛОБНА САМОВИЛА", па дури има и нијанса за БРЗА РЕАКЦИЈА за ВЕШТИНА ВО РАБОТАТА, за ИТРИНА НА УМОТ, па затоа денес само МАКЕДОНЕЦОТ ќе рече: "ТОЈ Е ВЕДА ВО РАБОТАТА".

Нашите ПРЕДЦИ се што виделе и знаеле за преобразбата на природата и природните појави, за СОНЦЕТО, ОГНОТ и ДОМАШНОТО ОГНИШТЕ, за плодноста, плодородноста и ГОЛЕМАТА МАЈКА –БОЖИЦА, за АСТРОЛОШКИТЕ, МИТОЛОШКИТЕ и ФИЛОЗОФСКИТЕ СФАЌАЊА на ПРИРОДАТА и ЖИВОТОТ, за верувањата и обичаите на секојдневните луѓе, за ЖИВИТЕ И МРТВИТЕ, т.е. "ВЕЧНИТЕ ЛУЃЕ" кои преку ЗРАЦИТЕ НА СОНЦЕТО се качувале во БЕСКРАЈНИОТ КОСМОС,  за СОЗДАВАЊЕТО НА СВЕТОТ (УНИВЕРЗУМОТ), за првичното, единичното и општото, за ЧОВЕКОТ И ОПШТЕСТВЕНОТО УРЕДУВАЊЕ, за МЕЃУСЕБНИТЕ ВОЈНИ и УНИШТУВАЊА, за СРЕЌАТА и РАДОСТА во ЖИВОТОТ итн. ни го оставиле фиксирано во вид на СОЛАРНА, КОСМИЧКА (КОСМОГРАФСКА) и друга СИМБОЛИКА во вид на АРХИТЕКТОНСКА и друга УМЕТНИЧКА ФОРМА, во вид на ДИЈАГРАМИ и разновидна ГЕОМЕТРИСКА ДЕКОРАЦИЈА, во вид на НАДГРОБНИ НАТПИСИ, ЛЕТОПИСИ и други ЗАПИСИ на карпи, камења, глинени предмети, глинени и керамички садови и печати,  глинени плочки, камени скиптри, бронзени печати итн. на повеќе места во Македонија, Балканот и светот со најразлична старост, а некои и со апсолутна хронологија од најмалку 7.000-6.000 г.п.н.е. Исто така, тие наши предци поголем дел од своите знаења ги испеаја на околу 1017 р'гведски химни, 6.500 атхарваведски химни итн. од таканаречената "САМХИТСКА ЕПОХА" т.е. од времето на создавањето на ВЕДИТЕ и нивното сведување во збирки, односно од времето кое спаѓа кон класата "ШРУТИ" (санскр. "S’RU", "S’RUTI" = мак. "ЧУ", "ЧУЕ", срхр. "ЧУТИ"), т.е. "СЛУШНАТО", "ЧУЕНО" затоа што од II илјадолетие п.н.е. па до средината на I илјадолетие п.н.е ВЕДИТЕ и ВЕДСКАТА МИТОЛОГИЈА се слушале, се пренесувале усно што ќе рече не биле запишани или не се посведочени записи од тој временски период.

ВЕДИТЕ се кодифицирани околу 2.700 или 1.500 г.п.н.е., а се напишани на таканаречен "САНСКРИТСКИ ЈАЗИК", т.е "СОВРШЕН или "КЛАСИЧЕН" јазик и со "САНСКРИТСКО ПИСМО", т.е. со "СОВРШЕНО ПИСМО" или "КЛАСИЧНО ПИСМО", а фактички со БРАХМИСКО ПИСМО и тоа некаде во V-IV в.п.н.е., кое ние можеме да го идентификуваме денес како ДЕРИВАТ на праисториското МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО со кое се напишани најстарите натписи на Балканот и во Европа, вклучувајќи ги и оние таканаречени графизми од пештерата МАС ДЕ АЗИЛ (Франција) стари наводно околу 25.000 г.п.н.е., кои фактички претставуваат знаци напишани со црвена боја на каменчиња со различна форма и големина и кои, според нас, сведочат за ФОНЕТСКО ПИСМО и ЈАЗИК слични како оние на НАТПИСИТЕ од ОСИНЧАНИ и ГОВРЛЕВО близу до Скопје, од СКОЧИВИРСКАТА КЛИСУРА близу до Битола, од КРАТОВСКИОТ РЕГИОН итн. во МАКЕДОНИЈА, како и од други места на БАЛКАНОТ од времето на мезолитот, неолитот и енеолитот. Имено, во такаиаречените ГРАФИЗМИ од пештерата Мас де Азил нема некоја наводна ПИКТОГРАФИЈА или СЛИКОВНО ПИСМО, ниту некои знаци со фамозни бројки од 1.000. 10.000 или 100.000, ниту некоја ИДЕОГРАФСКА ПРЕТСТАВА на змии, стебла на дрвја, очи, маховина итн., ниту некои ГРАФИЧКИ СИМБОЛИЧНИ ЗНАЦИ на БОГОТ НА СОНЦЕТО, туку аргументирано можеме да кажеме дека станува збор за ФОНЕТСКО ПИСМО во случајот на пронајдоците на францускиот научник Пиете, објавени во 1896 година, бидејќи идентификувавме ГРАФИЧКИ ЗНАЦИ од ФОНЕТСКО ПИСМО и дешифриравме одделни ОФОРМЕНИ ЈАЗИЧНИ ЕДИНИЦИ и ПИСМЕНИ ЗНАЦИ на некогашен ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ НАТПИС со КОНТИНУИРАН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, кој денес лингвистите би можеле да го идентификуваат како таканаречен ПРАСЛОВЕНСКИ ЈАЗИК. Имено, ние дешифриравме поголем број ЈАЗИЧНИ ЕДИНИЦИ и тоа

 што ќе рече "ИЛ"- богот на сонцето, "И НЕА" или "НЕА И", "ЕТЕ", "НЕА", "НЕЈЗЕ". "Е И" или "И Е", "ПАК", "СИ", "ОГАН" итн. што секако кореспондираат со најстарата МАКЕДОНСКА ЛЕКСИКА која е присутна и на овие МАКЕДОНСКИ ПРОСТОРИ во периодот од крајот на мезолитот и почетокот на неолитот, т.е. 7.000 - 6.000 г.п.н.е., а зад ваквото наше тврдење стои и релевантна аргументација.

Локалитетите близу до селото Осинчани, на околу 13,0 км воздушна линија јужно од центарот на Скопје, изобилуваат со исклучително специфична материјална култура, која сведочи за долг континуитет на живеење на овие МАКЕДОНСКИ ПРОСТОРИ. На локалитетот "Дабје" е регистрирана веројатно надгробна плоча (1,20x0,60x0,10) со барелјефна композиција во вид на стилизирана еленска глава со нагласени очи и нос, што по својот општ ликовен третман асоцира на мотивите од скулптрите на лепенсковирската уметност. На самиот врв на планината Црна Лома или Илина Гора, веднаш над селото Осинчани, се зачувани мегалитски структури во вид на ДОЛМЕНИ, кои формираат светилиште, т.е. првобитен организиран затворен простор, заграден од трите страни со карпи и покриен со поголема масивна карпа. Кон светилиштето води "патека" обложена со поголеми необработени камени блокови. Во непосредна близина на светилиштето се регистрирани повеќе натписи на карпи и камења со асоцирање на симболичка претстава на соѕвездијата "Скорпија", "Вага", "Змееносец", "Овен", "Риба", "Крст" итн., а на поголема карпа со димензии 3,80 х 2,85 м има и изгравиран круг со дијаметар 1,35 м и екцентрично издлабена дупка со дијаметар околу 8 см во површината на кругот, кои фактички заеднички формираат ПЛАНЕТАРЕН ЗНАК НА СОНЦЕТО. На јужната страна на Црна Лома или Илина Гора, на локалитетот "Присој", се регистрирани уште две светилишта во вид на ДОЛМЕНИ, од кои едното со својата просторна организација го симболизира соѕвездието "Стрелец" и има елементи на нагласена КОСМОГРАФИЈА, т.е. просторна организација во вид на КОНЦЕНТРИЧНИ КРУГОВИ со ЦЕНТРАЛЕН КРУГ со дијаметар околу 3,50 м. Во близина на СРЕДНОТО СВЕТИЛИШТЕ постои натрупан крш од црни карпи поради што и планината го добила името ЦРНА ЛОМА. Во непосредна близина на трите светилишта (Горно, Средно и Долно) се регистрирани најмалку 27 надгробни камења и карпи со СОЛАРНА, АСТРОЛОШКА или КОСМОГРАФСКА СИМБОЛИКА и со НАТПИСИ напишани со ПИСМЕНИ ЗНАЦИ на праисториско МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Нивната содржина е разновидна, ПИСМОТО е релативно ДИСЦИПЛИНИРАНО, а ТЕКСТОВИТЕ се напишани главно ОДДЕСНО НАЛЕВО, ОДГОРЕ НАДОЛУ или КОМБИНИРАНО.

Имајќи предвид дека ДОЛМЕНИТЕ во ЗАПАДНА ЕВРОПА се подигале меѓу III и II илјадолетие п.н.е., а првите МЕГАЛИТСКИ СПОМЕНИЦИ во БУГАРИЈА, т.е. оние во планината САКАР и Источните Родопи, бугарските научници ги поврзуваат со појавувањето на ТРАКИЈЦИТЕ (1900- 900 г.п. н.е), та знаејќи дека таканаречената мезолитска и ранонеолитска култура на Лепенски Вир се датира со 7.000-5.500 г.п.н.е., тогаш добиваме една можна апсолутна хронологија за НАТПИСИТЕ од ОСИНЧАНИ од 7.000 до 1.000 г.п.н.е. Секое подетално датирање на натписите од Осинчани и на други елементи од материјалната култура ќе треба да резултира од соодветни научноиспитувачки работи, а тоа одделно се однесува за индикациите за постоење на предкерамички населби. Меѓутоа, со оглед на фактот што на локалитетот "Церје" близу до соседното село Говрлево се пронајдени НАТПИСИ и КОСМОГРАФИЈА НА КЕРАМИЧКИ ПЕЧАТ од 6.000 г.п.н.е и на БРОНЗЕН ПЕЧАТ од 1.500 г.п.н.е , тогаш се наметнува сознанието дека еден дел од натписите и космографијата од Осинчани потекнуваат од крајот на мезолитот и раниот неолит (7.000-6.000 г.п.н.е.) и тоа оние од помонументалните карпи и одделни споменици, додека надгробните споменици и одделните летописи каде што се споменуваат ТРАКИЈЦИТЕ, вклучувајќи и некои од МЕГАЛИТСКИТЕ СТРУКТУРИ, веројатно потекнуваат од 1900 - 900 г.п.н.е., доколку неопходните испитувања со С14 не покажат некои поинакви резултати.

Меѓу постарите натписи од Осинчани спаѓа и ПРЕДВЕТСКИОТ НАДГРОБЕН СПОМЕНИК, изведен од камен со неправилна форма и приближен габарит 2,0 х 1,20м., со одделно денивелирани површини и јасна КОСМОГОНСКА, КОСМОНОМСКА и МИТОЛОШКА СЕМАНТИКА со ПРЕДВЕДСКА ПРЕТСТАВА на тројството на нивоата на ВЕДСКИОТ ПАНТЕОН (Небески, Земски и Подземни богови), каде што на одделно оформена партерна композиција и добро изделкана коса површина е издлабен следниов праисториски МАКЕДОНСКИ ТЕКСТ:

кој, декодиран оддесно налево и соодветно транскрибиран со писмени знаци на современата македонска азбука, гласи "КРЕШТ СЕ СИ У ЛТ СЛ С ИЉУ", а во превод на современ македонски јазик ќе рече "КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САЛ СО ИЉУ", односно "КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО" што секако ги има и следниѕе можни конотации: "КРЕСКАЈ СЕ ! СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО" и "КРЕСКАЈ СЕ, СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО!"

Како аргументи во прилог на нашето тврдење дека постоела праисториска популација на Балканот и Подунавските земји, која денес може да се идентификува со современиот поим "ПРАСЛОВЕНСКА", треба да се земат предвид и таканаречените ПРАИСТОРИСКИ ПЕЧАТИ. Досега од страна на унгарскиот академик Јанос Макај се прибрани, систематизирани и објавени 311 праисториски КЕРАМИЧКИ И ГЛИНЕНИ ПЕЧАТИ од Алпите до Урал и од Унгарија до Пелопонез на кои главно е регистрирана СИМБОЛИКА СО ВЕДСКА МИТОЛОГИЈА и која одговара на КУЛТУРАТА на КУЛТОТ НА СОНЦЕТО и КОСМОСОТ, на некои печати има лигатури на "АУМ" или натписи со знаци на таканаречено ТАЈНО МАКЕДОНСКО ПИСМО, а некои КЕРАМИЧКИ ПЕЧАТИ имаат ПРАИСТОРИСКИ ТЕКСТОВИ напишани со ДРЕВНА МАКЕДОНСКА АЗБУКА и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.

Исклучително значење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од Локалитетот "Церје" кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982-1983 година, при истражување на неолитската населба кај Говрлево, на II хоризонт на живеење открил тркалезен керамички печат со држалка во вид на стилизирана глава од птица и со длабоко вдлабнат НАТПИС по кружната периферија на артефактот и на самата тркалезна површина на печатот. Општата композиција на натписите од печатот има СОЛАРНА и КОСМОГРАФСКА СИМБОЛИКА составена со ПИСМЕНИ ЗНАЦИ на древното МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Во површината на кругот е изведена КОСМОГРАФИЈА во вид на КОНЦЕНТРИЧНИ КРУГОВИ со графеми и лигатури од синтагмата:

која дешифрирана оддесно налево и соодветно транскрибирана со букви од современата кирилска азбука гласи: "СЛ С БО СМ" а тоа на современ македонски литературен јазик ќе рече: "САЛ СО БОГА СУМ" или "САМО СО ГОСПОД СУМ", односно со поинаква семантика: "САЛ СО БОГОТ САМ' или "САМО СО ГОСПОД САМ". На овалната површина по должината на кругот, т.е. на периметралната тркалезна бочна страна на печатот е изгравирана истата синтагма, но со калиграфски стилизирани букви од ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА АЗБУКА, кои и ги формираат ПИСМЕНИТЕ ЗНАЦИ на таканареченото ТАЈНО МАКЕДОНСКО ПИСМО што се користело за одделни МИТОЛОШКИ или ВЕДСКИ ЛИГАТУРИ, за бележење на ТАЈНИ ПОРАКИ или СИМБОЛИЧНО ЗАПИШУВАЊЕ на РАЗНОВИДНИ БОЖЕСТВЕНИ ИСКАЗИ, а во случајот на керамичкиот печат од Говрлево, каде што се оштетени првите две графеми, тајниот запис на синта гмата "СЛ С БО СМ", ја има следнава графија:

па затоа на оштетениот натпис, на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ КОНТИНУИРАН ЈАЗИК, оддесно налево читаме:"... С БО СМ", односно "...СО БОГА СУМ".

Од бронзовото време (3.000 - 1.200 г.п.н.е), веројатно, од околу 1.500 г.п.н.е. потекнува праисторискиот БРОНЗЕН ПЕЧАТ од локалитетот "Церје" кај Говрлево близу до Скопје. На елипсовидната основа на печатот, покрај аплицираниот ЗРАЧЕН СИМБОЛ на ДВАНАЕСЕТКРАКО СОНЦЕ, кој композициски е оформен со релјефна континуирана цик-цак линија која создава 12 триаголници како 12 зраци на СОНЦЕТО, има и древен македонски натпис

 

кој е напишан со графеми на праисториско МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и оддесно налево се дешифрира и транскрибира како "ЅНЛ", а тоа ќе рече "ЅИРНАЛ" во смисла на "ВИДЕЛ", "ПРЕГЛЕДАЛ". На двете овални страни од пирамидалната форма на печатот, покрај СОЛАРНАТА СИМБОЛИКА во вид на КРУНА со 6 ЗАПЦИ (ТРИАМЕСТИ ЗРАЦИ), која може да се дешифрира од десно налево и како синтагма

                     и да се дескрибира како "МИ ИМ" и оддесно налево да се чита како "НИЕ НИМ", на лента со развиена должина од 5,0 см и височина (ширина) од 1,5 см е зачуван релјефен натпис, напишан со писмени знаци на древно МАКЕДОНСКО ГЛАСОВНО ПИСМО и на древен МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, со следниве издвоени синтагми:

   и

што     дешифрирани     оддесно налево и соодветно транскрибирани со букви на современата македонска азбука значат: "КСИ ИЗ ПСД" и "ЛСИ ИЗ ПСД" во смисла "КУСИ (КУСИОТ) ОД ПСД" и ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) од ПСД". Поимот "ПСД" во тоа одамнешно време, кога уште не биле отворени вокалите за сите слогови на зборовите, веројатно, значел "ПУСАТ" што на архаичен македонски јазик значи "ОРУЖЈЕ", "ВООРУЖУВАЊЕ" или "ПОСАДА" што и денес во македонскиот литературен јазик значи "ГАРНИЗОН ВО ТВРДИНА, МЕСТО". Ако знаеме дека во непосредна близика на селото Говрлево се наоѓа тврдина од пред римскиот период, а енеолитската населба на Горни град од Скопската тврдина датира од 3.500 - 3.000 г.п.н.е., тогаш станува јасно дека БРОНЗЕНИОТ ПЕЧАТ од "Церје"им припаѓал на ЗАДОЛЖЕНИ ЛИЦА од МАКЕДОНСКАТА ВОЕНА АДМИНИСТРАЦИЈА, кои во XV в.п.н.е., т.е. пред 3.500 години имале овластување да прегледуваат и потврдуваат договори или трансакции на територијата на ГОРНА МАКЕДОНИЈА или ПЕОНИЈА близу до Скопје што била под контрола на ПОСАДАТА од тврдината во Говрлево, а можеби и од Скопје. па затоа интегралниот текст на натписот од БРОНЗЕНИОТ ПЕЧАТ од "Церје" близу до Говрлево гласи

          

што дешифрирани оддесно    налево    и    соодветно    транскрибирани    со графеми од современото македонско лисмо графиите значат: "ЅНЛ КСИ ИЗ ПСД", односно "ЅНЛ ЛСИ ИЗ'"ПСД" што на современ македонски литературен јазик го имаат следново значе-ње: "ЅИРНАЛ КУСИ (КУСИОТ) ОД ПУСАТОТ" или "ЅИРНАЛ КУСИ (КУСИОТ) ОД ПОСАДАТА" и "ЅИРНАЛ ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПУСАТОТ" или "ЅИРНАЛ ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПОСАДАТА".  Интересно е да се  истакне  дека  името ЛСИ   (ЌЕЛАВ) денес  во     Украина фигурира како корен на некои презимиња, да речеме, ЛИСЕНКО,  ЛИСОВСКИ  итн.,  а  во  Македонија  името ЛСИ или ЛИСИ (ЌЕЛАВ) и ден-денес може да се сретне како    корен    на    следните    презимиња:    ЛИСИНАЦ, ЛИСИЧОВ, ЛИСИЧКОВ, ЛИСОВСКИ итн., додека името КСИ (КУСИ) денес може да се сретне во Македонија во форма на корен на многу презимиња и тоа: КУСАКАТОВ, КУСАКАТСКИ, КУСАКОВСКИ, КУСЕВ, КУСЕВСКИ, КУСЕМИЛЕВ, КУСИНИКОВ, КУСИТАСЕВ, КУСИТАСЕВСКИ, КУСАРОВСКИ, КУСКИНСКИ итн.

Во оваа пригода да истакнеме уште само и тоа дека имаме дешифрирано педесетина натписи од Осинчани, Лепенски Вир, Винча, Градешница, Ситоео, Тартарија, Лемн, Лезб, Коринт, Скочивирска Клисура, Кратовски регион и др., кои се напишани на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и со ДРЕВНО МАКЕДОНСКО ПИСМО. Сепак, еден од најмаркантните ПИСМЕНИ СПОМЕНИЦИ, како со својата графија, така и со својата содржина, кој може да се датира околу 4.500 г.п.н.е., е и оној од ѕидот на пештерата кај Ситово близу до Пловдив во Бугарија. Покрај натписот, во пештерата била регистрирана и неолитска керамика која по своите особини кореспондира со таа од таканаречената ВИНЧАНСКА ГРУПА. Натписот е импозантен, бидејќи е изведен во два реда кои се долги 3,40 м, а писмените знаци се високи околу 40 см. Текстот е напишан оддесно налево со ПИСМЕНИ ЗНАЦИ на праисториско МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, а самото писмо е исклучително дисциплинираио. Овој ПИСМЕН СПОМЕНИК првпат во археолошката литература е објавен во 1950 година од страна на З.Р.Морфова, а во 1971 година со инверзо ордине го објави и Ј. Тодоровиќ. Досега не ни се познати некои напори за дешифрирање на овој текст од Ситово, а нашите резултати од дешифрирањето се завршени во почетокот на 1995 година. Автентичниот текст на натписот од пештерата кај Ситово близу до Пловдив ја има следната графија:

и истиот дешифриран оддесно налево и транскрибиран со писмени знаци на современото македонско писмо гласи:

"И ТЕШТ НИ НЛТИ: И У СЈ ЛТ УЖСИ ЊГ СУ ТИШТИЛИИ ЕТЕ ПСЛМИ КШТ: И: У РШ ГСТ СИ УГК. ИД СЊ"

Овој извомреден стихотворен текст, преведен на современ македонски литературен јазик и со почитување на информациите на праисториската интерпункција за распределба на стихоаите, ја имаме следнава содржина и форма:

" И ТЕСТОТ НИ НАЛЕТА

И ВО ОВОЈ ЛЕТ УЖАСИ НЕГО ГО ТИШТЕЛЕ И

ЕТЕ ПСАЛИ КУКАТА:

"  И

ВО РЕШ СИ ГОСТИН НАУГКИТЕ-

ОДИ, СОНУВАЈ!"

Под поимот "УТКА" во текстот од натписот од Ситово, веројатно се подразбира барска птица   т е. "ПАТКА", 'ПАЈКА" или "ШАТКА" (лаг  Anas)  како шго и денес тоа се ушге го подразбираат Русиtе, а не како што ние денес под поимог "УТКА" подразбираме гоа што кај Русите значи "СОВА", (лат Strigiformes). Тoа го нагласуваме од проста причииа што во споменатиот псалм на набедениот текст од Ситсво се алудира на барските птици кои треба да го однесат покојникот во синевината, а овој мотив веќе е познат во археологијата како ВОТИВЕН СПОМЕНИК во  вид  на АНТРОПСМОРФНА ФИГУРА со  КОЛИЧКА  запрегната со БАРСКИ ПТИЦИ, каде што и сите елементи  на   вотивниот   споменик   (човеколика   фигура, количка, патки)  се  украсени  со   многубројни  планетарни  знаци  на сонцето  и  како  најрепрезентативна ВОТИВНА КОЛИЧКА може да се посочи таа од Дупљаја кај Вршац (со должина 21.9 и височина 13,4 см) односно таа од локалитетст ТРАД, Бела Црква  која се чува во Народниот музеј на Белград и која се датира од доцнобронзовата епоха, т.е. од првага половина на II илјадолетие п.н.е што секако остана место за поинакво датирање на натписот од Ситово кај Пловдив.

Подетални информации за истражувачкиот труд на Васил Иљов, се наоѓаат на :

http://www.unet.com.mk/ancient-macedonians/

 

 

 

 

Здружение на Антички Македонци - Богданци