ФОТОГАЛЕРИЈА

ТРУДОВИ НАСТАНИ СОРАБОТНИЦИ АРХИВА
 

 

Тихомир Стојановски

Тихомир Стојановски е роден на 8 септември 1963 во Скопје. Дипломирал на Факултет за Драмски уметности 1988. За време на студиите учествувал во работата на "Театарска работилница ФФ" при филозофскиот факултет во Скопје. 1988 година го основа "Скрб и утеха" заедно со Владе Денчов. Од 1990 е избран за асистент на предметот "Сценски говор со техника на глас" кај проф. Костадин Дрваров при ФДУ Скопје каде што е во работен однос до денес. Тој е уметнички директор на К.Ц. "Скрб и утеха". Автор на драмски дела, сценарија за документарни и играни филмови, поезија, актер во театарот "Скрб и утеха".

 

Автор на книгите

Друм за Македонија

Гимназиум

Времето на скрбизмот

Силата на сценската гласност

Патека на светиот збор

 

Драми

Деноносии

Скршеното копје на псевдонимот

Лицето на Бога

 

филмови продукција "Диоп "                       

Бакни го сонцето

 Камен меѓу две ниви

Да се биде и кога не ќесе биде

1000 години како денот од вчера -  сите по сценарио на Тихомир Стојановски, режија Владе Денчов. Во филмовите се појавува ликот на Александар Македонски

 

Дионисови чествувања – се македонски средби на театар, книги, песни и игри, филм, сликарство...се случуваат последниот викенд во месец Февруари.

 

 

 

 

Здружение на Антички Македонци - Богданци