ФОТОГАЛЕРИЈА

ТРУДОВИ НАСТАНИ СОРАБОТНИЦИ АРХИВА
 

 

Д-р Димитар Ќорнаков

Д-р Димитар Ќорнаков е еден од основачите на Здружението 

 

ДИМИТАР КОРНАКОВ _е роден во 1927 година ко , Гевгелиско. Основно образование завршил во родното место. Учел богословија во Битола и во Софија, а гимназија во Струмица. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје.

Повеќе од три децении работел во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата во својство на историчар на уметноста.

Како стипендист на италијанската влада, бил на едногодишна специјализација во Рим. Докторирал на Универзитетот во Белград, на тема: "Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на XVIII и XIX век". Во својство на автор и комесар на изложбата "Македонска резба", го презентирал културното богатство на Македонија во Лондон, во Братфорд, во Кралскиот музеј во Брисел. во Нордискиот музеј во Стокхолм, во палатата "Венеција" во Рим, во Белград и во Скопје (МАНУ)

Последните години од работниот стаж ги поминува во Институтот за старословенска култура каде што како главен истражувач го раководи научниот проект "Сакрални објекти (цркви и манастири) во Македонија". Бил и раководител на научниот проект "Полошки манастир Свети Ѓорѓи" и координатор на конзерваторските работи (1982-1987).

Темелно го истражува и го проучува творештвото на мијачките копаничари во црквите и манастирите на Балканскиот Полуостров во: Македонија, Бугарија, Грција (Егејска Македонија и Епир), Албанија и во Србија (Косово). Двапати (1984 и 1987) престојувал на Света Гора (Атос) каде што ги проучувал резбаните иконостаси во повеќе светогорски манастири.

Автор е на повеќе монографски трудови: "Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на XVIII и XIX век", "Македонска резба", "Македонски манастири", "Резбарски центри во Македонија", "Петре Гарката", "Од Првиот грев до Страшниот суд", "Цркви и манастири во Тиквешијата". Коавтор е на монографиите: "Манастир Свети Наум", "Манастир Бигорски", "Манастир Пречиста Кичевска", "Споменици на културата во Македонија", "Црквите и манастирите во Јужновардарската долина".

Публикувал повеќе од сто стручни и научни трудови во списанијата: "Културно наследство", "Зборник на Музејот на Македонија", "Балканославика"и други.  За Македонската телевизија ("Културна ризница") реализарал 15 сценарија, а за "Вардар филм" - пет од областа на нашето  шарство низ вековите, средновековното и преродбенското ѕидно сликарство на повеќе теми од областа на историја на уметноста.

Бил комесар и на изложбата во Болоња и Волос.

 

 

 

Здружение на Антички Македонци - Богданци