ФОТОГАЛЕРИЈА

ТРУДОВИ НАСТАНИ СОРАБОТНИЦИ АРХИВА
 

 

Александар Донски

АЛЕКСАНДАР   ДОНСКИ      е   роден   во ноември 1960 година во Штип. Потекнува од уметничко   семејство.   Основно   и   средно образование   завршил   во   родниот   град,   а дипломирал  на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Скопје на групата Историја на уметноста со археологија. Има објавено голем број    написи,    авторски документарни радио- емисии и фељтони од областа на фолклорот, историјата и религијата во повеќе македонски и странски   списанија   и   весници.   За   својата истражувачка дејност   добитник е на извесен број награди и признанија. Во 1987 година, како резултат на неговите истражувања во Јапонија, од кои произлезе трудот Јапонскиот печат за Илинденското востание ја доби највисоката тогашна награда на Штип - наградата 8 ноември.  Во 1989 година ја објави книгата-зборник   Фолклорното   богатство   на   Штип.   Во   1993  ја  доби стипендијата на Фондот за отворено општество на Џорџ Сорос (СЕ1) КЅЅ)  за  истражувачкиот  проект Детскиот фолклор  во  источна Македонија, кој со успех го заврши. Во 1994 година ја објави книгата Натприродни одгласи. Во 1995 година ја објави книгата Што ќе ни се случи по смртта?, книга   со сведоштва на македонски граѓани кои преживеале клиничка смрт. Има објавувано и свои кратки раскази во реномирани македонски списанија за литературата, а се занимава и со преводи на литературни дела и есеи од хрватски, српски и бугарски јазик за списанието за уметност СУМ. Во 1996 година ја објави збирката раскази под наслов Морбидни раскази. Еден е од коавторите на книгата Македонија - богата и сиромашна земја, која на германски јазик е објавена во Германија од неколку македонски и Германски автори во почетокот на 1997 година. Истата година во Софија на бугарски јазик ја објави брошурата Орисија, посветена на етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите, подготвена и   преведена   од   македонскиот   писател   во   Бугарија   -   Славе Македонски. Автор е и на документарната серија од ТВ емисии под^ 1наслов   Вистината   за   Македонија,   снимени   во   продукција  на приватната ТВ ИРИС од Штип во 1999-2000 година. За истата ТВ куќа во 2002 година ја сними серијата Судбината низ песна. Веќе неколку години ја води историската рубрика Историјата не е само минато во светскиот македонски неделник Македонско сонце. Во 2000 година ја објави книгата: Етногенетските   разлики помеѓу Македонците и Бугарите. Исто во 2000 година ја објави и книгата Исус Христос и Македонците (второ издание во 2002), а во 2002 ја објави и книгата Уделот  на   Македонците  во  светската  цивилизација.

      

 

 

Здружение на Антички Македонци - Богданци